Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник му даде совет на помладиот колега Јулијан Нагелсман да го преземе тимот на Тотенхем. Екс тренерот на Баерн Минхен е еден од кандидатите за клупата на лондонските „бели“ по отказот на Антонио Конте.
Рангник добро го познава Нагелсман, затоа што работеа заедно во Лајпциг, пред Нагелсман да замине во Баерн Минхен, од каде сосема неочекувано доби отказ и сега е без ангажман. Претходно ја одби можноста да седне на клупата на Челси.
„Тотенхем го има еден од најубавите стадиони на светот. Нивната тренинг база е меѓу најдобрите. Без разлика тоа што Даниел Леви не троши многу, го разбира фудбалскиот бизнис. Ако Тотенхем навистина го сака Нагелсман, тогаш им порачувам да назначан и спортски директор кој ќе му помоага. Тоа би била многу добра приказна. Има работи што треба да се подобрат, и мислам дека кој и да дојде нема да ги смени работите веднаш да бидат во топ три екипи“, рече Рангник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА