Раниери на преговори со Зенит

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери, кој оваа сезона доби отказ од Лестер, иако минатата година му ја донесе шампионската титула, отпочна преговори со рускиот клуб Зенит од Санкт Петербург. Сегашниот тренер Мирчеа Луческу најверојатно ќе си замине од клубот по завршувањето на сезоната, со оглед дека тимот нема да успее во трката за шампионската титула, а тоа секогаш е еден од врвните приоритети за Зенит.

Токму затоа раководството на клубот ја отпочна потрагата за нов тренер, а една од првите опции е Клаудио Раниери. Италијанецот имаше одлични резултати со Лестер и сигурно дека е повеќе од привлечен за големите европски клубови. Зенит во моментов се наоѓа на третата позиција на табелата во првенството на Русија со 39 бода, колку што има и ЦСКА Москва, а Спартак Москва е лидер со шест бода предност.

Се вчитува...