Раниери по 31 година се враќа во клубот каде што ја почна кариерата

Клаудио Раниери во следните денови и официјално ќе потпише договор со Калјари, враќајќи се по 31 година назад на Сардинија, на чело на клубот каде што италијанскиот стратег ја почна својата тренерска кариера.

71-Годишниот стручњак седеше на клупата на Калјари од 1988 до 1991 година, оставајќи силна трага бидејќи под негово водство Калјари за две години се пресели од третата во прватаљ италијанска лига.

Управата на клубот оваа седмица го отпушти тренрот Фабио Ливерани по очајниот старт на сезоната, па откако Калјари падна на 14. место на табелата во Серија Б сега погледите ќе се свртат кон Раниери како тренер што ќе треба да спаси се што може да се спаси сезонава.

Италијанецот е без ангажман откако беше отпуштен од Ватфорд во јануари годинава, неодамна беше поврзуван и со Сампдорија, но со најновиот развој на настаните негов нов клуб ќе биде истиот оној во кој ја почна кариерата како тренер.

Се вчитува...