Раниери повторно се враќа во Премиер лигата!?

Италијанскиот стратег Клаудио Раниери пред еден месец доби отказ од клупата на Лестер, само девет месеци по сензационалното освојување на Премиер лигата.

Иако отказот за Раниери во многу што ја изненади спортската јавноста, на крајот се покажа како добар потег затоа што Лестер кончено почна да победува оваа сезона. Но, Раниери би можел да се врати во Премиер лигата и многу побрзо од очекувањата. За неговите услуги е заинтересиран Ватфорд кој го сака на клупата од следната сезона.

Сопственикот на Ватфорд, Џино Поцо не е задоволен од работата на актуелниот тренер Валтер Мацари па веќе контактирал со Раниери за негово доаѓање на чело на клубот. Сепак, подетално околу можноста повторно да се врати во Премиер лигата ќе се знае веднаш со крајот на сезоната.

Се вчитува...