Раниери за феноменалниот гол на Роналдо: Па тој леташе во воздух час и половина…(ВИДЕО)

Јувентус синоќа славеше со 1-2 на гостувањето против Сампдорија во Серија А. Триумфот го одбележа победоносниот гол на Кристијано Роналдо кој летајќи запиша феноменален погодок. Дефанзивците на Сампдорија, покрај него како мали дечиња, можеа само да уживаат во магијата на Португалецот.

Голот кој го постигна го воодушеви и тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери…

„Кога некој ќе постигне таков гол мора само да гледате и да се восхитувате. Роналдо заби во стил на НБА ѕвезда, беше во воздух речиси час и половина. Што друго да се каже? Само може да се поклоните пред една таква мајсторија“ – рече Раниери.

Се вчитува...