Милош Раониќ се повлече од настап на првиот сезонски грен слем турнир Австралија опен поради повреда на ахиловата тетива.
Канадскиот тенисер имаше кошмарна 2021 година, а очигледно ќе му биде потребно дополнително време и во новата сезона за да се врати на тениските терени. Изминатава натпреварувачка година Раониќ одигра само 12 мечеви, а последниот беше во јули.
Тој ќе пропушти четири грен слем турнири по ред, бидејќи не настапи на Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен оваа година. Моментално се наоѓа на 112.место на АТП ранг-листата, а додека се врати на терените веројатно ќе доживее уште поголем пад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА