Во најинтересната група Е во Лига Европа ништо нема да биде решено до последното коло, откако Спартак Москва неочекувано загуби од Рапид Виена на домашен терен со 1-2.
Рускиот тим со победа можеше да дојде на чекор до пласман го следната фаза, но ја испушти таа шанса.
Домаќините поведоа со голот на Зе Луис во 20.минута, но не успеаја да дојдат ни до бод.
Гостите од Виена изедначија преку Мулдур во 80.минута, а победата им ја донесе Шобезбергер во последната минута.
Во групата К, Динамо Киев славеше гостинска победа против Астана со 0-1 и го потврди пласманот во следната фаза во лига Европа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бенјамин Врбиќ во 29.минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА