Расел до пол-позиција во лудите квалификации во Австрија

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Австрија која што се вози на патеката Ред Бул ринг.

Во луд финиш во кој на неколку стотина метри до целта Макс Ферстапен излета, по што имаше жолти знамиња Расел помина како најбрз. Веднаш зад него се најде двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

Заедно со Британецот од вториот стартен ред утре ќе тргне водечкиот во генералниот пласман Кими Антонели. Ферстапен кој излета е петти, а во топ 10 уште се наоѓаат и: Норис, Пјастри, Хаџар, Лосон и Линдблад.

Се вчитува...