Расел до пол-позиција за ГН на Каталонија, нова глупост на Леклер

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Каталонија. Расел до пол-позиција стигна пред неговиот сонародник Луис Хамилтон во Ферари.

Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели ќе стартува од вториот ред заедно со актуелниот шампион Ландо Норис. Ферстапен го освои петтото место, а потоа следуваа Хаџар, Пјастри, Лосон и Хулкенберг.

Шарл Леклер со кого Ферари го продолжи договорот, уште еднаш покажа дека е веројатно најпреценетиот возач во историјата на Формула 1. Монтежанецот повторно направи голема глупост и во К3 успеа да го забие својот болид во заштитната ограда.

Трката за големата награда на Каталонија е закажана за утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...