Викендов на програмата во Формула 1 шампионатот се трки во Канада, денеска во 18 часот ќе се вози спринтот, а за утре е закажана и трката за ГН на оваа северноамериканска земја.
Мерцедес ја продолжи доминацијата од стартот на сезонава, па така пол-позицијата за спринтот ја освои Џорџ Расел, победувајќи го својот тимски колега Кими Антонели. Британецот имаше најдобро време од 1:12.965, што беше за 0,068 подобро од Антонели.
Мекларен ќе се најде на вториот ред на стартот на денешниот спринт, Ландо Норис беше третопласиран, додека Оскар Пјастри ќе стартува од четвртата позиција, пред тандемот на Ферари – Луис Хамилтон и Шарл Леклер.
Спринтот ќе се вози со почеток во 18 часот, по што во 22 часот по македонско време ќе стартуваат квалификациите за главната трка што е на програмата в недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
