Џорџ Расел потпиша нов договор со Мерцедес минатата година, но некои детали од договорот не беа објавени, што ги наведе некои медиуми да се сомневаат во иднината на Британецот во тимот, кој е со седиште во Бракли, Англија.
Според нивните пишувања, договорот на Расел е до крајот на 2026 година и постои опција за продолжување до 2027 година, но со исполнување на одредени услови, во однос на пласманот и достигнувањата.
Расел го потврди ова и коментираше дека нема сомнение дека ќе ги исполни потребните услови за да го задржи своето место во тимот.
„Принципот е овој, ако постигнете одредени резултати, тимот ќе продолжи да работи со вас. И јас ќе возам за Мерцедес во 2027 година“, изјави Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
