Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Сингапур. Британецот квалификациите ги заврши пред актуелниот шампион Макс Ферстапен кој ќе тргне со него од првиот стартен ред.
Од вториот стартен ред ќе бидат Оскар Пјастри во Мекларен и вториот возач на Мерцедес, Кими Антонели. Ландо Норис повторно имаше слаби квалификации и ќе тргне од петтата позиција, а во топ 10 уште се наоѓаат и: Хамилтон, Леклер, Хаџар, Берман и Алонсо.
Трката е закажана за утре со почеток во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

