Расел најбрз на спринт-трката во Холандија

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел триумфираше на спринт-трката која што се возеше на патеката Зандворт како дел од Големата награда на Холандија.

Расел без поголеми проблеми стигна до триумф, пред возачот на Ферари, Шарл Леклер. Подиумот го надополни актуелниот светски шампион Ландо Норис во болидот на Мекларен. Лидерот во генералниот пласман Кими Антонели заврши четвртти, додека во топ 10 уште се најдоа и: Пјастри, Ферстапен, Хамилтон, Гасли, Бортолето и Линбланд.

Квалификациите за главната трка се закажани за во 16 часот.

 

Се вчитува...