Расел повторно пред Хамилтон

Џорџ Расел беше најбрз на третиот тренинг од Формула 1 на патеката Монца, каде што викендов се одржува трката за Големата награда на Италија.

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес, беше најбрз на последниот, трет тренинг пред квалификациите за трката во Формула 1 за Големата награда на Италија.

„Храмот на брзината“ или тркачката патека Монца е домаќин на спектаклот од Формула 1 оваа недела, а квалификациите ќе се одржат денеска од 16 часот, додека главната трка е закажана за утре од 15 часот.

Најдоброто време на Расел денеска утрово беше 1:22.219, пред Луис Хамилтон со 1:22.445 и Макс Верстапен трет со 1:22.569.

Потоа следеа Андреа Кими Антонели, Ландо Норис, Шарл Леклер, Арвид Линдблад, Оскар Пјастри, Пјер Гасли и Франко Колапинто кои ги комплетираа првите десет.

Се вчитува...