Џорџ Расел не го криеше разочарувањето по уште една слаба трка откако го освои само петтото место во Мадрид, повторно следејќи како неговиот тимски колега Кими Антонели се радува на триумф со кој уште повеќе се зацврсти на врвот во генералниот пласман.
Расел долго време важеше за главен ривал на Антонели во трката за титулата, но по денешната трка разликата меѓу двајцата тимски колеги е огромна (81 поен), поради што Расел веќе крена „белно знаме“.
„Да бидам искрен, веќе не сум актер во трката за титулата оваа година. Сторив се, но нереално е да се надевате на титула со толкава негатива во оваа фаза од сезоната. Барем ќе возам без притисок, ќе се обидам да победам на што повеќе трки до крајот на сезонава. Што ќе се случи, ќе видиме… Секако дека сум разочаран, сакав повеќе, но тоа е ситуацијата во моментов“, истакна Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
