Расел сензационално до пол-позиција во Канада, катастрофа за Норис и Леклер

Џорџ Расел е изненадувачки освојувач на пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада. Тој славеше на квалификациите пред второпласираниот Макс Ферстапен во Ред Бул.

Од вториот стартен ред ќе тргнат Оскар Пјастри во Мекларен и Kими Антонели од Мерцедес. Во третиот ред се најдоа Хамилтон и Алонсо, додека потфрлија Ландо Норис и Шарл Леклер кои ќе стартуваат како седми и осми.

Во топ 10 се најдоа уште и: Исак Хаџар и Алекс Албон.

Трката за Големата награда на Канада е закажана за утре со почеток во 20 часот по средноевропско време.

Се вчитува...