Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, тотално доминира викендов на трките за Големата награда на Канада во Формула 1.
Мерцедес доминира оваа сезона во Формула 1 исто како и во годините со Ник Розберг, Луис Хамилтон и секако Валтери Ботас подоцна.
Сега тука се Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели и тие се убедливо најбрзи во шампионатот во сезоната 2026.
Расел во Канада најпрво победи на Спринт-трката, а потоа беше уште подоминантен во квалификациите за главната трка за да стигне и до пол-позицијата пред денешната главна трка.
Тој го остави зад себе својот тимски колега Антонели, кој заостануваше само 68 илјадити делови од секундата.
На третото место заврши Ландо Норис од Мекларен, како и Оскар Пјастри, по што следуваат Луис Хамилтон од Ферари, Макс Верстапен и Исак Хајар од Ред Бул, Леклерк од Ферари, Линдблад од Ред Бул и Франко Колапинто од Алпин.
IT'S GEORGE RUSSELL ON POLE POSITION! 😎🥇
WHAT A LAP! 👏#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/KIdL91nbpp
— Formula 1 (@F1) May 23, 2026
Џорџ Расел издржа огромен притисок и на спринтот за Големата награда на Канада, каде што на крајот славеше пред Ландо Норис и Кими Антонели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
