Изгледа дека нема ништо да се случи од најавениот трансфер на Расел Вестбрук во Евролигата. Макаби и Панатинаикос покажаа интерес за поранешниот МВП на НБА, додека Хапоел Тел Авив се спомнуваше како најсериозен кандидат за негов ангажман.
Сепак, добро упатените новинари од НБА, Марк Стајн и Брет Сигел, ги демантираа информациите дека Вестбрук преговара со Хапоел. Според нивните сознанија, искусниот плејмејкер се уште сака да ја продолжи кариерата во најсилната лига во светот.
Стајн наведува дека Вестбрук во моментов не размислува за напуштање на НБА.
„Извор близок до процесот изјави дека неодамнешниот извештај оти Расел Вестбрук преговара за заминување во странство и потпишување со Хапоел Тел Авив е ’апсурдно невистинит‘“, пренесе Стајн.
Слични информации има и Сигел, кој разговарал на оваа тема со претставници на неколку НБА-клубови.
„Разговарав со повеќе луѓе од различни НБА-тимови и ги прашав дали слушнале нешто за тоа, но никој не слушнал за таква можност“, изјави Сигел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
