Расел Вестрбрук го надмина легендарниот Чемберлен

Оклахома по продолжение го победи Орландо со 114-106 во неверојатната вечер на Расел Вестбрук кој „симна“ уште еден рекорд во НБА лигата. Во ловот на неверојатиот рекорд на Оскар Робертсон од 41 трибпл-дабл учинок во сезоната, Расел Вестбрук заостанува со само три натпревари, но затоа кошаркарот на Оклахома го надмина легендарниот Вилт Чемберлен со најмногу постигнати поени во трипл-дабл во историјата на НБА лигата

Во триумфот на Оклахома, Вестбрук запиша 57 поени дополнети со 13 скока и 11 асистенции и го собори рекордот. Досега на врвот на листата со  најмногу поени во трипл-дабл учинок беа Џејмс Харден и Вилт Чемберлен со 53 поени.

rasel

Освен што влезе во историјата на НБА со новиот рекорд, Весбрук се изедначи со Харден, Чемберлен и Бејлор по бројот на натпревари со 50 и повеќе поени во трипл-дабл учинок. Сите четворица сега имаат по два натпревари над оваа граница.

Во другите натпревари во НБА лигата шѕто се одиграа ноќеска, петтиот тим во Западната конференција, ЛА клиперс  славеше против третиот тим од Исток, Вашингтон со 133-124. Најзаслужна за триумфот на клиперси беше извонредната четворка со двоцифрен учинок – Грифин со 26 поени, Џордан со 23, Редик со 31 и Пол со 27.

Во дербито на Западната конференција Голден стејт на гостински терен го совлада Сан Антонио со 98-110, во пресметката на тимовите со најдобар скор во досегашниот дел од сезоната. Победата на „воините“ е уште поголема ако се знае дека во првата четвртина губеа со огромни 22 поени, но на крајот стигнаа до триумф од 12 поени разлика. Стеф Кари беше најзаслужен за ваквиот резултат со 29 поени, додека Клеј Томпсон постигна 23 поени за Голден стејт.

Кошаркарите на Атланта ја победија Филаделфија во гости со 99-92. Во гостинскиот тим посебно расположен беше Двајт Хауард со 22 поени и 20 скока.

Се вчитува...