Рашфорд доаѓа на „Сан Сиро“?

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е најновата желба на италијанскиот калчолигаш Милан за засилување на навалната линија. Тој е во втор план кај Жозе Мурињо оваа сезона и бара солуција за поголема минутажа, а би можел да ја добие на „Сан Сиро“.

Милан ќе се обиде да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со опција за најмалку уште една сезона да го носи дресот на овој клуб. Рашфорд има актуелен договор со Манчестер јунајтед и сигурно дека нема лесно да се откаже од неговите услуги.

Доколку преговорите не вродат со плод, „росонерите“ како „план Б“ планираат да испратат понуда за ветеранот на Сампдорија, Фабио Квалјарела.

Се вчитува...