Во редовите на Барселона владее огромно задоволство од играта на Маркус Рашфорд, англискиот репрезентативец кој летото го искористи за преселба во каталонските редови од Манчестер Јунајтед каде беше прекуброен.
Рашфорд фантастично се претстави пред навивачите на Барселона постигнувајќи три голови и забележувајќи пет асистенции на 10 одиграни средби, притоа предводејќи го составот во отсуство на Јамал и Рафиња.
Барселона има опција да го откупи неговиот договор по едногодишната позајмица за износ од 34.5 милиони евра, а според англиските медиуми тоа е и намерата на Шпанците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

