Рашо: Многу важен меч за Работнички во Автокоманда

Работнички денеска од 14 часот гостува на „Автокоманда“ каде ќе ги одмери силите со Скопје во важен натпревар за себе од 21. коло во ПМФЛ.

Дефанзивецот Момчило Рашо верува дека тимот на Работнички ќе им се врати на позитивните резултати по минималниот пораз од Шкупи во минатото коло.

„Ова е многу важен меч. Бодовите им се важни и на двете екипи, па верувам дека ќе биде тоа еден жесток дуел. Подготвени сме за надигрување и веруваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, вели Момчило Рашо.

ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (одложено)

ВЧЕРА: Македонија ЃП – Брегалница 2-1

Се вчитува...