Расистички скандал и во Ла лига – Цел тим на Валенсија го напушти теренот на мечот со Кадиз (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Кадиз и Валенсија во Ла лига беше на кратко прекинат поради расистички навреди кон фудбалерот на „лилјаците“ Муктар Дикаби. Тој по еден конфликт со противничкиот фудбалер Хуан Кала не сакаше да го продолжи мечот велејќи дека имало расизам од фудбалерот на Кадиз кон него.

По кратката пауза фудбалерите на Валенсија се вратија на теренот, но Дикаби не сакаше да продолжи додека не биде казнет Кала.

 

 

 

 

Се вчитува...