Распоред: Кошаркарите почнуваат со Естонија дома, завршуваат со Италија

Против репрезентацијата на Естонија, на домашен терен, македонската кошаркарска селекција ќе го отвори квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство по две години. Првите натпревари се предвидени за втората половина на февруари. Естонците во Скопје ќе дојдат на 20/21 февруари, а во тој термин, националниот тим ќе гостува кај Русија.

Потоа ќе следуваат пресметки со Италија и повторно со Естонија во ноември следната година, а крајот во февруари 2021 година, најдобрите македонски кошаркари ќе го имаат со дуелите против Русија дома и против Италија во Скопје.

Од квалификациските групи три селекции одат во Европското првенство.

Распоред на натпревари

20/21.02.2020
Македонија – Естонија
23/24.02.2020
Русија – Македонија

26/27.11.2020
Италија – Македонија
29/30.11.2020
Естонија – Македонија

18/19.02.2021
Македонија – Русија
21/22.02.2021
Македонија – Италија

Се вчитува...