Распоред за Ла Лига: Столе Димитриевски тргнува од „Камп Ноу“

Официјална ждрепка го одреди распоредот на натпреварите за сезоната 2022/23 од шпанската Ла Лига, каде бранител на трофејот ќе биде Реал Мадрид. Сезоната ќе трае од 14 август па се до 4 јуни, нешто повеќе од вообичаено поради паузата кон крајот на годинава поради одржувањето на СП во Катар.

Во првото коло, закажано за 14 август македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со тимот на Рајо Валјекано ќе гостува на фаворитот Барселона. Шампионот Реал Мадрид ќе му гостува на составот на Алмерија, тим каде летово би можел да се пресели Енис Барди.

Во остантите средби од првото коло ќе се сретнат Бетис – Елче, Атлетик Билбао – Мајорка, Селта – Еспањол, Кадиз – Реал Сосиедад, Осасуна – Севилја, Хетафе – Атлетико Мадрид, Валјадолид – Вилјареал и Валенсија – Џирона.

Првото „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона е закажано за 16 октомври на „Сантијаго Бернабеу“, а вториот меч меѓу најголемите шпански ривали ќе се игра на „Камп Ноу“ на 19 март.

Се вчитува...