Распоред за Македонија на ЕП: Утре против Турците, завршуваме со Словенија

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Во воведното коло од прелиминарниот групен сегмент на европскиот одбојкарки континентален самит кој се игра во Љубљана покрај натпреварот меќу македонската репрезентација и селекцијата на Финска ќе бидат одиграни уште две средби. Денот го отвора мечот меѓу репрезентациите на Турција и на Русија во 14.30 часот, потоа следува нашата пресметка со Финците во 17.30 часот, а последниот дуел од 20.30 часот е Словенија – Белорусија.

Македонската репрезентација има три врзани натпревари во трите кола на почетокот на групната фаза. По мечот со Финска, утре игра против Турција, потоа в сабота против фаворитот Русија. В недела е ден за одмор, а потоа се две завршни рунди, в понеделник против Белорусија и во вторник против домаќинот Словенија. За пласман во нокаут фазата потребно е да се биде меѓу првите четири на конечната табела по групната фаза.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА НА  ЕП

12.09.2019    (четврток)        17.30     Финска – МАКЕДОНИЈА

13.09.2019    (петок)               17.30     МАКЕДОНИЈА – Турција

14.09.2019    (сабота)             17.30      МАКЕДОНИЈА – Русија

16.09.2019    (понеделник)  20.30     Белорусија – МАКЕДОНИЈА

17.09.              (вторник)        17.30       Словенија – МАКЕДОНИЈА

Се вчитува...