РК Алкалоид е пред освојување на пехарот во ЕХФ Европскиот куп, а реваншот е на програмата во недела во 20.30 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Од клубот од Автокоманда информираа дека продадени се сите билети за натпреварот на кој Алкалоид треба да испише нова историја во своето кратко постоење.
„Продадени се сите билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина што ќе се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20.30 часот.Вашата поддршката многу ни значи! Ви благодариме! Достоинствено да навиваме и да го поддржиме нашиот клуб во големото европско финале, на патот до европска титула!“, стои во соопштението од РК Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА