Македонската фудбалска репрезентација ќе ја очекува пеколна атмосфера на контролниот меч со БиХ што ќе се одигра на 29 мај во Сараево, откако домаќините објавија дека експресно се распродадени сите билети за овој пријателски натпревар.
Ова ќe биде прв меч на селекцијата на БиХ по остварениот успех и победата во баражот над Италија, па јасно е дека босанските навивачи ќе подготват спектакл за селекторот Бабрарез и неговите избраници за да го одбележат пласманот на СП 2026.
Стадионот „Кошево“ е со капацитет од 20.000 места и како што информираат босанските медиуми, ќе биде исполнет до последно место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
