Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер се искачи на третото место на листата на најдобрите стрелци во Швајцарија по новите два гола за Тун во лудиот меч против Јанг Бојс во 37. коло од швајцарската Суперлигата.
Јанг Бојс триумфираше со неверојатни 3-8 во натпреварот без резултатско значење ако се знае дека Тун од претходно си ја прослави титулата.
Растодер ги постигна двата гола само за две минути во првото полувреме, тогаш за водство од 2-1 на Тун, а потоа голеада од страна на Јанг Бојс.
Македонскиот напаѓач сега, на само коло до крајот на првенството, има 15 гола и е на третата позиција на листата на најдобрите стрелци зад Фаснахт од Јанг Бојс со 18 гола, и Бедиа, исто така од Јанг Бојс, со 17 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
