РАСТУР СИСТЕМ: Црвена звезда за едно полувреме до „+40“ со Задар

Црвена звезда дефинитивно е без конкуренција во АБА-лигата, откако бранителот на трофејот во голем стил ја почна новата 2017 година, декласирајќи го Задар со преубедливи . Иако влегоа во овој меч со скор 15-0, а за неколку дена ги очекува тешко гостување во Евролигата против Жалгирис, избраниците на Дејан Радоњиќ воопшто не ги штедеа силите, демолирајќи го ривалот од Хрватска.

Особено импресивно делуваше првото полувреме, во кое „црвено-белите“ за само дваесет минути игра стигнаа до предност од неверојатни 40 поени. Првата четвртина заврши со резултат 30-11, а домаќините беа уште понадмоќни во нападот во вториот период добивајќи го со 37-16, за фантастични 67-27 на крајот од полувремето. Црвена звезда го доби и третиот период со 29-13, за потоа актуелните шампиони во последните десетина минути да се смилуваат на гостите, да намалат од интензитетот при одбраната, па мечот да го завршат со „само“ 48 поени разлика (113-65).

Волтерс беше најпрецизен со 17, пред Митровиќ со 16 и Симоновиќ со 15 поени, а треба да се истакне дека овој меч во живо го следеше и најновото засилување на „црвено-белите“, Американецот Дион Томпсон, кој пристигнува од редовите на Галатасарај.

Се вчитува...