Со едногласна одлука, Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, составено од 50 Национални олимписки комитети, ја ратификуваа одлуката градот Скопје да биде домаќин на 18-те летни Европски младински олимписки игри (20-26 Јули 2025 година).
Пред да се донесе оваа едногласна одлука, Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го презентираа планот за организација на игрите во однос на спортските објекти, сместувачките капацитети, транспортот и другите фактори кои ќе имат влијание на успешната организација на игрите.
На крај, претседателот на МОК, Даниел Димевски, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, претседателот и Генералниот секретар на ЕОК, Спирос Капралос и Рафаеле Пањоци го потпишаа и конечниот договор односно Одлука за градот Скопје да биде домаќин на 18-те летни Европски младински олимписки игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА