Раца замина во историјата, нов селектор – наскоро

Македонската кошаркарска репрезентација наскоро ќе добие нов селектор, но тоа нема да биде Марјан Илиевски, како што објавија неколку медиуми во текот на денешниот ден. Ова за време на денешниот состанок на Управниот Одбор го соопшти претседателот на МКФ, Петар Наумоски, барајќи дополнително време за именување на новиот кормилар на националниот тим. Претходно, Стручниот Совет и дефинитивно го официјализираше прекинот на соработката со Драган Раца, откако српскиот стручњак очајно ја водеше репрезентацијата за време на квалификациите за Евробаскет 2017.

Кога станува збор за тренер кој не е Македонец, се разговараше со тројца тренери. Тоа беа Стеван Караџиќ, Саша Обрадовиќ и Александар Трифуновиќ. Заклучокот кај нив беше дека ангажманот од два месеци би бил преголем односно дека предолго би отсуствувале од фамилиите. Потоа целосно се насочивме кон македонските тренер“ – изјави Наумоски.

Од домашните стратези со кои е разговарано, Наумоски откри дека водел преговори со Марјан Илиевски, Љупчо Малинов и со Александар Јончевски, но не е постигнат договор со ниту еден од нив.

Начелно не е постигнат договор со ниту еден тренер, но имаме многу опции. Сашо Филиповски беше прв пик, тоа можем да го кажам, но морам да демантирам дека тој не добил потврдна информација од нас околу селекторската позиција. Тој се заблагодари на понудата, но искрено кажа дека сè уште не размислува да седи на две позиции односно дека сака да се фокусира на клупските обврски. Дојдовме до три имиња за тренер кој ќе ја води „А“ репрезентацијата. За нивна финална селекција, важно ни беше да имаат и одлична хемија со играчите. Тие три имиња, како што веќе знаете, се Марјан Илиевски, Љупчо Малинков и Александар Јончевски. Во последен момент се случи да ’не ја изградиме куќата’. Ги имаме темелите, но останавме без кров и поради тоа бараме дополнителни денови. Сè беше договорено – и соработка и финансии меѓутоа не се договори соработката со уште еден човек кој требаше да биде дел од стручниот штаб. Тука застанаа преговорите“ – објасни претседателот на МКФ.

Се вчитува...