Раул: Барселона беше подобра од нас денеска

Фантастичната низа на Вардар беше прекината денеска, откако „црвено-црните“ го претрпеа првиот пораз сезонава. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа храбро, но немаа сили да ја забележат и третата победа во низа над каталонскиот гигант, по онаа во полуфиналето од Ф4 во Келн и во групната фаза од ЛШ во Скопје.

Мислам дека Барселона беше подобра од нас денеска. Во првото полувреме игравме многу добро, но имавме проблеми со Ваел Жалуз што не успеавме да ги решиме. Во второто полувреме цело време губевме со два-три гола разлика. Не игравме онака како што знаеме“ – кратко изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, по вечерашниот пораз.

„Црвено-црните“ и покрај овој пораз остануваат на чело на табелата, но сега не смеат да си дозволат „кикс“ на наредниот дуел, на домашен терен против Пик Сегед на 18 февруари.

Се вчитува...