„Раул е навивач на Барселона“ – голема провокација на каталонците сред Мадрид (ФОТО)

Барселона го отвори својот фан шоп сред Мадрид и не ја пропушти шансата да ги испровоцира навивачите на Реал Мадрид. На зградата каде се наоѓа продавницата која воедно е и разделена само 50 метра од официјалниот фан шоп на „кралевите“ развиен е огромен транспарент на кој пишува „Раул е навивач на Барселона“.

Раул најголемиот дел од својата кариера го помина во „кралскиот клуб“ за кој запиша 741 настап во периодот од 1992 до 2010 година, а провокацијата се темели на наводна изјава дека е навивач на Барселона и покрај длабоката поврзаност со големиот ривал.

Се вчитува...