Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес ја почна својата париска одисеја со францускиот шампион ПСЖ.
Шпанецот вчера го имаше првиот собир со екипата со кој е означен стартот на подготовките за новата сезона. Во ѕвездениот тим на ПСЖ, покрај Раул Гонзалес, нови имиња во составот се шпанскиот дефанзивец од Барселона, Виран Морос и данскиот пикер Херник Тофт Хансен.
Според планот на подготовките, ПСЖ првата проверка со Раул Гонзалес на клупата ќе го има на 17 август во контролниот натпревар во Данска против Алборг.
Во последната недела на август, ПСЖ ќе настапи на турнирот во Стразбур, а еден од противниците на турнирот ќе му биде и Вардар во натпреварот што ќе се игра на 24 август.
Во новата сезона во ЛШ, ПСЖ ќе игра во групата Б со ПИК Сегед, Фленсбург, Скјерн, ППД Загреб, Мотор Запорожје, Целје и Нант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА