Раул Гонзалес: Имаме победа, но не сум задоволен од играта

Македонските ракометари ја победија Турција на стартот од квалификациите за ЕП 2020. Победата е очекувана, но не и нивото на игра што го покажаа македонските ракометари против реално, многу послабиот противникј. Тоа го истакна и селекторот Раул Гонзалес по натпреварот.

„Очекувавме победа во овој дуел и имаме победа, но треба да играме  подобро. Не сум задоволен како одигравме. Имавме 7-8 гола разлика, но не ја искористивме шансата. Ризикувавме премногу и треба да ја поправиме играта и да се подобриме ако сакаме да имаме шанса да постигнеме нешто. Мислам дека не одигравме како што знаеме да одиграме. Сега сме фокусирани на следниот натпревар со Грција во недела, а потоа ќе мислиме на другото“ – изјави селекторот Раул Гонзалес.

Во вториот натпревар од квалификациите, Македонија в недела во Кожани и гостува на Грција.

Се вчитува...