Раул Гонзалес: Имавме многу проблеми…

Вардар имаше завршен напад за победа, но на крај извлече само реми (31-31) во дуелот со Висла Плоцк, во натпреварот од последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите. Голманите на Вардар на овој дуел беа под вообичаеното ниво, а исто така и одбраната која сезонава е заштитен знак на европските шампиони. Токму пропустите во дефазнивата како клучни ги посочи и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес во изјавата по натпреварот.

„Висла одигра многу добар натпревар. Нашата одбрана не беше толку добра, имавме многу проблеми. Секогаш кога имаме успех, одбраната добро ни функционира, но сега не беше така. Среќен сум што завршивме на првото место, борбата бепе многу тешка. Имавме силни противници и многу тешки натпревари. Играчите дадоа се од себе и горд сум на нив. Ќе ја искористиме паузата до четвртфиналето добро да се подготвиме“ – изјави Раул Гонзалес.

Како првопласиран во групата А, Вардар обезбедува директен пласман во четвртфиналето од ЛШ во кое ќе игра со победникот од осминафиналниот дуел меѓу ПИК Сегед и Кјелце или Кил.

Се вчитува...