Раул Гонзалес: Мораме да го победиме Сегед во Скопје

Вардар мора час поскоро да го остави зад себе поразот од Барселона и да се врати на победнички патеки во Лигата на шампионите, почнувајќи од неделниот дуел во Скопје против Пик Сегед. Сега предноста во однос на второпласираниот Нант изнесува само еден бод, па „црвено-црните“ немаат право на „кикс“ пред гостувањето во Франција наредниот викенд.

Тренерот Раул Гонзалес е свесен дека против себе има незгоден ривал со кого ремизираше во првиот дел од сезонава во Унгарија, но очекува добро издание од своите избраници и нов триумф на домашен терен.

Пик Сегед е квалитетен противник, кој в недела ќе игра слободно, без притисок и со огромна самодоверба по големата победа во Германија на Рајн Некар Левен минатиот викенд. Нивната одбрана може да претставува проблем бидејќи добро ги комбинираат зоните „6-0“ и „5-1“. Добро се познаваме, знаеме дека нема да биде лесно, но и подготвиме сме да одиграме добро во меч на кој мораме да победиме, како и секогаш на домашен терен“ – изјави Раул Гонзалес во пресрет на дуелот со унгарскиот вицепрвак.

Се вчитува...