Раул Гонзалес: Одигравме добар ракомет

Вардар ги освои бодовите против ППД Загреб и се искачи на првата позиција во групата Б. Добриот старт и речиси перфектната игра во првата четвртина од мечот на македонскиот шампион му донесе предност која беше недсотижна за противникот. Тоа го потенцираше и тренерот на Вардар, Раул Гоинзалес изразувајќи го своето задоволство од играта на својот тим.

Секогаш е тешко да се игра против Загреб. Но моите играчи одиграа супер и им честитам. Одигравме добар натпревар, во првите 15 минути одигравме многу добар ракомет. Игравме добро во одбраната, Арпад Штербик беше исто така на високо ниво, ги искористивме сите контранапади и имавме шест гола разлика на полувремето. Во  второто полувреме можеби не одигравме на истото ниво , но генерално е многу тешко да се држи таков ритам против Загреб кој е многу квалитетен тим. Имавме проблеми во играта седум на шест, но за нас најважно што победивме и што сме први во групата, па сега може да уживаме во моментот“ ијзави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Се вчитува...