Раул Гонзалес: Знаевме дека со Целје не смееме да се опуштиме

Вардар го доби дуелот со Целје и се врати на лидерската позиција во групата на две кола пред крај на групната фаза во Лигата на шампионите. Одличната игра во одбраната во првото полувреме им донесе предност која вардарци знаеја да ја сочуваат до крај. Тренерот Раул Гонзалес имаше причина да биде задоволен од своите избраници кои  ги спороведоа на дело неговите замисли што на крај им донесе сигурна победа против Целје. Токму предноста што ја направи Вардар во првиот дел се покажа недсотижна за гостите од Словенија.

„Честитки за играчите и за тренерот на Целје кој прави добра работа со оваа екипа. Целје имаат добри играчи, играат добар ракомет и се противник кој заслужува респект. Ние одигравме многу добар натпревар. Добро почнавме направивме 4-5 гола разлика и ја одржувавме предноста. Почнавме со 6-0, но потоа одигравме 5-1 бидејќи имавме проблем да го задржиме Мачковшек. Искористивме неколку контранапади и направивме добра разлика во првото полувреме. Во вториот дел беше повеќе или помалку исто како и во првиот. Имавме неколку гола предност, но знаевме дека не смееме да се опуштиме бидејќи Целје е екипа на која ако и оставиш простор за 3-4 минути може да се врати во игра. Задоволен сум од играта и од победата и пред се, задоволен сум што се вративме на првото место“ – истакна по натпреварот, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Се вчитува...