Раул и петмина „вардарци“ во изборот на ол-стар тимот во ЛШ

Тренерот Раул Гонзалес и уште петмина ракометари на Вардар се во комбинација за избор на ол-стар тимот во Лигата на шампионите. Арпад Штербик е номиниран меѓу петте кандидати за најдобар голман, Тимур Дибиров е во изборот за најдобро лево крило, Лука Циндриќ за најдобар среден бек, Вуко Борозан за најдобар лев бек, а Илија Абутовиќ за најдобар дефанзивец.

Во конкуренција за избор на најдобар млад играч е бекот на Металург, Халил Јагањац.

Фановите по шести пат го избираат најдобриот состав за оваа сезона во ЛШ. Во изборот се вклучени играчи и тренери од 16 клуба од 15 нации.

Гласањето ќе биде отворено до 22 мај, а во финалната селекција ќе бидат вклучени и претставнци на медиумите и ракометни експерти. Ол-стар тимот на сезоната ќе биде објавен за време на Ф4 турнирот во Келн (26/27 мај).

Enter the vote of the VELUX EHF Champions League 2017/18 All-star team here

Се вчитува...