Раул самиот се нуди: Јас сум човек на Реал Мадрид, ќе помогнам ако ме побараат

Раул Гонзалес е еден од главните кандидати за наследник на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид за наредната сезона, а поранешниот голгетер на „кралевите“ денеска самиот се понуди кај Флорентино Перез за извршување на оваа функција.

Раул моментно е кормилар на младинскиот тим на Реал Кастилја со кој ланската сезона стана европски првак, покажувајќи дека поседува голем тренерски потенцијал.

„Тренер на првиот тим? Јас сум човек на Реал Мадрид. Среќен сум овде и ако ме побараат сигурно ќе помогнам. Сепак, ова не е време за да се разговара на темата, Реал го очекуваат важни средби во Ла Лига, а и јас имам натпревари со Кастилја“, изјави Раул.

Сериозен интерес за младиот стратег покажа бундеслигашот Ајнтрахт, но се очекува Шпанецот сепак да остане во својот дом во Мадрид.

Се вчитува...