Раул учи француски и во авион, Французите импресионирани (ВИДЕО)

Раул Гонзалес летово ја презеде клупата на ПСЖ и веќе ги освојува симпатиите на Французите со својот однос кон работата и како што велат, неговата заложба брзо да се интегрира во францускиот живот. А, првата заложба на Шпанецот е брзо да го совлада францускиот јазик за што го користи секој слободен момент. Дури и кога е во авион на пат со својот нов тим.

Раул беше „уловен“ како вежба француски со скриптата во раце во авионот на пат за Данска. ПСЖ денеска и утре ќе одигра два контролни натпревари со Алборг и со Виборг. На летот за Алборг додека играчите одмораа и се релаксираа, Раул учеше француски.

Посветеноста на Шпанецот на ракометот и на јазиците е добро позната работа, посебно во Македонија. Актуелниот селектор на македонската репрезентација, во изминатите четири години додека го предводеше Вардар добро го научи македонскиот јазик и го водеше тимот на македонски, без разлика на бројните интернационалци во составот.

Истата практика, Раул ја пренесува и во ПСЖ и ги импресионира и Французите кои во изминатите неколку години често го критикуваа неговиот претходник Нока Сердарушиќ кој комуницираше на германски, а Даниел Нарцис најчесто ја имаше улогата на „преведувач“.

Се вчитува...