Раздор во семејството: Икарди се искара со сестрата поради Ванда Нара (ФОТО)

Мауро Икарди пред неколку денови остана без капитенската лента во Интер, а сагата околу неговата ситуација во клубот продолжува. Многумина за сето тоа ја обвинуваат неговата сопруга Ванда Нара која е и негова менаџерка.

Однесувањето на Ванда Нара ги налути и челниците на Интер, а Икарди потоа направи и прилично нејасен потег со кој го навлече гневот и на навивачите на „нераѕурите“ откако одби да игра против Рапид во Лигата на Европа. По сето тоа се огласи сестрата на Мауро, Ивана која порача преку Твитер дека не и е јасно зошто нејзиниот брат дозволува толку многу Ванда да го искористува.

„Очаен мој брате, зошто го дозволуваш сето ова? Кога само би имал сериозна личност зад себе, онаа на која навистина и е грижа за тебе, вакви нешта не би те се случувале“ – напиша Ивана.

Сестрата потоа доби одговор најпрво од Ванда која ја обвини дека се јавува само кога сака само да земе пари од Мауро, а потоа доби одговор и од Икарди кој и порача да прекине да му се јавува и да се грижи за него.

„Зошто не пробаш ова време кое го трошиш на мене да го искористиш да пронајдеш работа. Ништо нема да постигнеш со оваа тактика. Сети се да прашаш и за некои од останатите шест наши браќа. Никогаш не сум видел дека за нив прашуваш преку Твитер. Догледање“ – и порача Икарди, но Ивана не се откажа и му одговори:

„Немам потреба за нив да прашувам преку Твитер затоа што со нив секојдневно се гледам и се слушам, и се јавуваат на телефон, за разлика од тебе. Ние со нив сме едно, ама тие немаат зад себе личност која фрла магии за да ја поправи сликата за себе. Престани да бидеш глуп и отвори ги своите очи! Врати се…. Биди личноста која некогаш беше!“ – му одговори сестрата Ивана.

Се вчитува...