Ражњатовиќ одговори дали Никоа Јокиќ е подобар од Дражен Петровиќ

Српскиот кошаркарски супер агент Мишко Ражњатовиќ во интервју за шпанскиот медиум „Релево“ говореше на повеќе теми, а го доби и прашањето кој според него е најдобриот европски кошаркар – Дражен Петровиќ или Никола Јокиќ?

Србинот не криеше какво значење за него има Дражен Петровиќ, но според него нема дилема дека Никола Јокиќ го заслужува овој епитет.

„Дражан е мојот идол од детството. Поради него секаде користам број четири, тој број е и дел од мојата е-мејл адреса и моето име на социјалните мрежи. Но, Никола е трократен МВП. Само четири играчи во историјата имаат повеќе такви титули од него. Тешко е да се споредуваат ерите, но не е тешко да се заклучи кој сметам дека е најдобар кошаркар на сите времиња. 

Мислам дека никогаш повеќе нема да се најде играч каков што е Јокиќ. Тој е единствен“, изјави Ражњатовиќ.

Се вчитува...