Разјарениот „бик“ Џими Батлер

Џими Батлер уште еднаш покажа дека одлично се снаоѓа во улогата на лидер на Чикаго булс, откако го предводеше својот тим до триумф на мечот со Шарлот од 118-111. Многумина очекуваа дека Двејн Вејд ќе го наследи Дерик Роуз во улогата на прв играч на „биковите“, но Батлер во досегашниот дел од сезоната остава најсилен впечаток од таборот на поранешните шампиони. Така беше и на синоќешниот дуел со Шарлот, на кој Батлер постигна 52 поени и им донесе нов триумф на „биковите“.

[youtube id=”rrsG7g8zs0g” width=”640″ height=”380″]

Кливленд славеше над Њу Орлеанс со 90-82 благодарение на одличната одбрана со која шампионите примија само 13 поени во последната четвртина (23-13). Кајри Ирвинг не настапи на овој меч, а најефикасен беше Леброн Џејмс со 26 поени.

Голден стејт во извонреден офанзивен натпревар триумфираше над Денвер нагетс со 1127-119, Клеј Томпсон постигна 25 поени, пред , пред Стеф Кари со 22, додека Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл од 15 поени, 13 асистенции и 10 скокови.

Милвоки го совлада тимот на Оклахома сити откако успеа да го неутрализира Расел Вестбрук. Суперѕвездата на тандер го заврши мечот со 30 поени, но имаше очаен шут од поле 9/28.

Резултати НБА:

Кливленд – Њу Орлеанс 90-82, Милвоки – Оклахома сити 98-94, Бруклин – Јута 89-101, Њујорк – Орландо 103-115, Чикаго – Шарлот 118-111, Хјустон – Вашингтон 101-91, ЛА клиперс – Феникс 109-98, Голден стејт – Денвер 127-119.

Се вчитува...