Разочарување за навивачите на Арсенал и на Челси пред финалето во Баку

Англиските гиганти Арсенал и Челси ќе се сретнат во големото финале во Лигата на Европа. Финалниот меч ќе се игра на 29. мај, во Баку, Азербејџан, но двата клуба добија изненадувачка информација, кога дознаа дека нивните навивачи ќе добијат по само 6 000 влезници, иако стадионот има капацитет од 68,700.

„Ќе има илјадници навивачи кои го поддржуваат нашиот клуб и кои се дел од сите наши гостувања сезонава во Лигата на Европа, а кои нема да може да присуствуваат во Баку“, изјавија од раководството на Арсенал по дознавањето на веста за бројот на влезници кои ќе ги имаат на располагање. 

Од клубот наведоа дека цената на билетите ќе се движи од 26 до 121 фунта, а најголемиот број на влезници ќе бидат по 43 фунти.

Се вчитува...