Реак Сосиедад и го нанесе првиот пораз на Барселона на „Ноу Камп“ сезонава (ВИДЕО)

Барселона го доживеа првиот пораз на Ноу Камп сезонава во шпанската Ла Лига, откако беше поразена од Реал Сосеидад со 0-2. Сепак, овој пораз нема да го „боли“ тимот на Барса, со оглед дека веќе ја обезбеди титулата, а му направи „услуга“ на Сосиедад за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Сосеидад поведе со голот на Мерино уште во 5. минута. Иако Барселона играше со целиот состав, односно Чави не ги штедеше силите, сепак, не успеа да стигне до израмнување.

На 2-0 зголеми Сорлот во 72. минута и така да го лансира својот тим блиску до место во Лигата на шампионите. До крајот Левандовски само успеа да го ублажи поразот на 1-2. На три кола до крај Сосеидад има предност од пет бода пред Вилјареал.

Се вчитува...