Реакција и на Струга ТЛ: До кога вака? Победникот во Ѓорче Петров го одлучи судијата!

Силен револт во таборот на Струга Трим Лум по гостувањето против Македонија ЃП во 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани загубија со два гола постигнати во второто полувремето, но реагираат на судиската неправда која го одлучила победникот на натпреварот.

Првиот човек на клубот Арбтрим Ќира потенцира резултатот во Ѓорче Петров е под директно влијание на судиите

„Сакам да им честитам на моите фудбалери за одиграниот натпревар. Резултатот е под директно влијание на судиските одлуки кои беа на штета на нашата екипа, и некако постојано се повторуваат на нашите натпревари оваа сезона, ‘благодарение’ на лица неспособни да ја вршат својата работа. Судиите подарија пенал на Македонија ЃП токму во моменти кога нашите фудбалери беа подобри на терен, и тоа го пресуди победникот. Сепак на фудбалерите им порачувам да продолжат како и досега без разочарување и со многу работа и во иднина во шампионатот“ – вели претседателот на Струга Трим Љум, Арбтрим Ќира.

Реакцијата на Струга ТЛ е поради досудениот пенал во 61. минута од страна на судијата Александар Грујоски од Кичево, по кој Сефер Емини прецизно стрелаше за водство од 1-0.

Се вчитува...