Реакција и од МакедонијаЃП: Црвениот картон на Тиквеш е поради грешка на нивниот играч

После реакцијата од Тиквеш за случувањата на вчерашниот меч со Македонија ЃП, и според нив, неспортски доделениот црвен картон на нивен играч и неколку спорни ситуации, со реакција се јавија и од таборот на Македонија ЃП.

Реагираат дека црвениот картон е поради грешка на нивен играч, а за судиите не е важно каде живеат.

„Вчерашниот натпревар со ГФК Тиквеш се одигра во крајно фер и спортска атмосфера и затоа сме изненадени од нивната реакција со која го омаловажуваат нашиот труд и нашиот успех на тој натпревар. Црвениот картон кој го добија е поради грешка само на нивниот играч, кој како последен играч играше со рака, и спречи очигледна шанса за гол.

Асистентите кои беа делегирани на натпреварот се едни од нашите најдобри со големо меѓународно искуство и местото каде што живеат воопшто не игра улога на тоа како судат.
Да оставиме на Судиска Организација да си ја врши работата бидејќи тие се најстручни да го коментираат судењето.
Се надеваме дека оваа реакција на ФК Тиквеш е непромислена и без лоша намера но ние како клуб мора да го заштитиме нашиот углед кој го градиме со чесно работење и вложување поготово во последните неколку години како стабилни прволигаши секогаш во борба за позициите кои водат во Европа.
ФК Тиквеш и понатаму ќе биде почитуван од нас и покрај овој непрофесионален потег.
Спортски поздрав ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“, се вели во соопштението на Македонија ЃП.

Се вчитува...